Фото: Жарко Настоски / Слободен печат

Викендов малку ќе залади, ама ќе има сонце — од понеделник синоптичарите очекуваат дожд

Времето во текот на претстојниот викенд ќе биде променливо облачно, но со повремени сончеви периоди. Сепак, граѓаните треба да се подготват за засилен ветер и нови врнежи кои се очекуваат веќе од почетокот на следната недела.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во сабота ќе преовладува слично време, со услови за локален дожд во јужните делови.

„Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени Целзиусови“, информираат од УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и температура до 24 степени. Понеделник навечер носи нова промена со дожд, која ќе продолжи и во вторник, кога се очекуваат и грмежи, прогнозираат синоптичарите.

Ќе се вработуваат уште 300 професионални војници – почетна плата 500 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот