Затворот „Идризово“, Фото: МИА / архива

Викенд во „Идризово“: Затвореници фатени како шмркаат кокаин, на други им нашле таблети

Два случаи поврзани со откриена дрога во затворот „Идризово“ бележи полицијата во изминатиот ден – во првиот, затворски чувар фатил двајца затвореници како шмркаат кокаин, а во другиот, кај двајца осуденици е најдено големо количество таблети, соопшти МВР.

„На 06.12.2025 во 14:20 часот од Казнено поправната установа Идризово е пријавено дека при преглед кај Д.Т., И.Д и Н.В., сите осуденици во установата, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети. На 06.12.2025 околу 22:53 часот, пак, во СВР Скопје од Казнено поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека околу 22:00 часот, вработен во затворот, додека вршел обиколка, ги затекнал Д.В. и Г.А. како конзумирале кокаин. Се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од полицијата.

Ја присилувал на секс, ја снимал, а потоа и барал пари – уапсен неготинчанец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот