ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Попај: Нема секој глава за фризурата што ја сака

Хусеин Љатиф - Попај / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини… се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал.

Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест, но и надлежните институции да издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната мејл-адреса.

Хусеин Љатиф е бербер сопственик на фризерското студио „Попај“. За „Слободен печат“ вели дека со оваа работа се занимава повеќе од 23 години, а љубовта кон овој занает потекнува од неговиот дедо и татко. Во моментов работи на две локации, во ТЦ „Беверли хилс“ и во Порта Влае. Вели дека многу си ја сака работата, а секојдневниот контакт со клиенти му е посебно задоволство.

Хусеин Љатиф – Попај / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

-Има и клиенти што доаѓаат, ќе видат нешто на ТикТок, и ќе речат: Мајсторе, може оваа фризура?“ Може, но некој нема коса за таа фризура, и тука почнува смеење – вели Љатиф.

Оваа работа ја работи дваесет и три години.

Хусеин Љатиф – Попај / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Почнав на дванаесет-тринаесет години, како дете, како чирак,  учев занает, речиси две и пол-три години, и работев како вработен речиси петнаесет години. Овој салон го отворив во 2015 година. По три-четири години отворив уште еден салон во Порта Влае. Сега нешто најново, отвораме најнов салон исто во Беверли, еден кат подолу од каде што сме сега. Тоа ќе биде полуксузно, поубаво – вели Љатиф.

Објаснува дека повеќето млади сега доаѓаат со фотографии за потстрижување.

Хусеин Љатиф – Попај / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Ништо не е неуспешно. Сè е успешно доколку си сигурен во себе и доколку имаш волја за таа работа што ја работиш. Еве, јас дваесет и три години навистина сум имал и тешки денови и лесни денови, но додека стигнеш до ова, навистина треба долго време, само да се има трпение и многу волја – вели Љатиф.

Хусеин Љатиф – Попај / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот