„Лорас суши“- Славчо и Лора фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | „Лорас суши“: За Македонците суши е сѐ уште синоним за жива храна

„Lora’s sushi“, „гоуст кичен“ е кујна без локација или простор за јадење која е наменета за подготовка на суши. Приказната започнува многу години наназад, кога за првпат Славчо Темелковски и Лора Јовеска подготвувале суши дома, кој наивно прераснува во голем и успешен бизнис.

 

Славчо е дипломиран економист, а Лора е медицинска сестра, но двајцата се основачи на „Lora’s sushi“. Тие се пример за перфектна симбиоза во еден успешен бизнис.  Лора е таа која го подготвува сушито, а маркетингот и бизнисот го води Славчо. Покрај тоа, тие имаат детски работилници за изработка на суши и едукација за кинеската култура.

– Јас и мојот партнер Славчо, уште пред пет-шест години почнавме да си правиме суши за нас, потоа почнавме да ги викаме нашите блиски, и така дојде до тоа да започнам со тој бизнис. Неколку години правевме дегустација на ориз, на сосови, со цел да дојдеме до вистинските вкусови. Правевме некои пресметки и дојдовме до тоа дека може нашето суши да биде достапно за сите – објаснува Јовеска.

„Лорас суши“- Лора Јовеска фото: Слободан Ѓурич СП
„Лорас суши“- Лора Јовеска фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Темелковски вели дека почетокот воопшто не бил лесен и морале да се донесат ризични одлуки.

– Во моментот кога требаше да започнеме со бизнисот, Лора веќе беше вработена како лаборант и беше принудена да ја напушти работата – објаснува Темелковски.

Нивната цел била да креираат квалитетен бренд со прифатлива цена кој ќе биде наменет за секого.

– Реално, за да одиш да јадеш суши неколкупати неделно во рестораните во Скопје е скапо – додава Темелковски.

„Лорас суши“- Славчо Темелковски фото: Слободан Ѓурич СП
„Лорас суши“- Славчо Темелковски фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

За „Слободен печат“ Славчо објасни дека суши култрата во Македонија уште е синоним на жива храна. Но, поради тоа, тие креираа селектирано мени кое ќе биде достапно за сите клиенти.

– Главната работа што ја направивме во тоа селектирано мени, беше фактот дека ниедно суши што го нудиме, не е со жива риба – вели Темелковски за „Слободен печат“

Нивниот бизнис веќе прерасна во успешен бренд кој и преку социјалните медиуми ги едуцира младите, а и постарите да бидат креативни и да прават суши дома.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот