ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јованоска: Не симнувајте температура по секоја цена, таа е знак дека организмот се бори со вирусот

Д-р Билјана Јовановска/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Доктор Билјана Јованоска во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека високата температура е знак дека организмот се бори со вирусите и бактериите и дека температурата може да имате и до седум дена.

– Се јавуваат болни пациенти со грип, но има и такви кои имаат компликации. Првиот совет е да се даде нешто за симнување на температура, антипиретик и аналгетик. Кога станува збор за грип тоа не значи дека ние сме посензитивни, туку едноставно грипот не легнува во кревет, имаме болки во цело тело. Се следи состојбата во тек на пет до 7 дена дали ќе има или ќе нема подобрување. Мојот начин на лекување на грип е со природни препарати и симптоматска терапија-вели Јованоска.

Таа објаснува дека ако станува збор за компликација тогаш е после седмиот ден. Ако се искомплицира тогаш пациентот оди на специјалист.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Јованоска: „Твој“ доктор во твојот дом, преглед, ЕКГ, лабораториски анализи

– Тоа што имаме долг период на температура не треба да ни биде некој водечки лајтмотив дека тоа е компликација. Долгиот период со температура значи дека на нашиот организам му треба подолго време да се избори. Покачената температура е одбранбен механизам. Значи начин на кој телото се бори со вирусот. Тоа е убивање на вирусот. Не треба ниту да се стремиме константно температурата да ни биде 36 со 5 ако сè уште трае вирозата. Стремењето е да не е 39 и нагоре, ако е мало дете за да не направи грчеви, а повозрасните да не дехидрираат. Комплетно снижување на температурата не се препорачува-вели Јованоска.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот