ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Јованоска: „Твој“ доктор во твојот дом, преглед, ЕКГ, лабораториски анализи

Д-р Билјана Јовановска/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Примарната здравствена заштита е најбитна за секој пациент. Но што значи тоа практично? Дали само матичниот лекар е дел од примарната здравствена заштита, што ако сте изнемоштено лице или немате можност да стигнете до вашиот матичен лекар, а не сте болнички пациент. Доктор Билјана Јованоска од ординацијата „Халк-мед“ во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ објаснува што значи терминот „Твој“ доктор и какви услуги пациентите можат да добијат во нивниот дом.

– „Твој“ доктор е иновативна услуга која ја пружа нашата поликлиника. Самото име кажува дека станува збор за еден тип на домашна посета односно преглед на доктор во удобноста на вашиот дом. Оваа услуга засега е достапна само за граѓаните на Скопје. Доколу имаат граѓаните некој здравствен проблем се јавуваат на нашиот број и добиваат услуга од нас. Но само доколку не станува збор за итна медицинска состојба. Услугите кои можат да ги добијат се општ преглед, ЕКГ, аускултација, промена на катетер, земање на крв за анализи. Се зема крвта од кај нив дома и се носи во лабораторијата со која соработуваме-вели Јованоска.

Услугата која ја добивате од „Твој“ доктор не ја покрива Фондот за здравствено осигурување и се плаќа приватно.

– Во однос на цената за плаќање тоа зависи од која страна гледате. Како барател на услуга може да ви биде скапо, но како некој кој ја пружа здравствената услуга секако е поинаку. Ние направивме една процена која е добра за двете страни. Доколку нашата услуга се бара во тек на работно време од 08 до 21 часот цената е 1.800 денари, а надвор од неа и за време на викенди и празници е 2.500 денари-вели Јованоска.

Во текот на неделата опслужуваат најчесто хронични пациенти, странци и тие кои немаат здравствено осигурување. Но има и такви кои не сакаат да си го губат времето во чекање по ординации во чекална, сакаат преглед, можат да платат и тогаш бараат „Твој“ доктор.

– Се јавуваат болни пациенти со грип, но има и такви кои имаат компликации. Првиот совет е да се даде нешто за симнување на температура, аналгетик и се следи во тек на пет до 7 дена. Ако се искомплицира тогаш пациентот оди на специјалист. Тоа што имаме долг период на температура не треба да ни биде некој водечки лајтмотив дека тоа е компликација. Долгиот период со температура значи дека на нашиот организам му треба подолго време да се избори. Покачената температура е одбранбен механизам. Значи начин на кој телото се бори со вирусот. Тоа е убивање на вирусот. Не треба ниту да се стремиме константно температурата да ни биде 36 со 5 ако сè уште трае вирозата. Стремењето е да не е 39 и нагоре, ако е мало дете за да не направи грчеви, а повозрасните да не дехидрираат-вели Јованоска.

Немала ситуација во која не и платиле за услугата. Вели дека домашната посета не ја наплаќа само за пријатели, но и за социјални случаи. Во интервјуто зборувавме за вработувањата, недостигот од персонал, за несоодветните плати во здравството.

Целото интервју со доктор Билјана Јованоска погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот