ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Стојовски: Естетскиот хирург е како матичен лекар за разубавување

Др. Роберт Стојовски /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Естетска хирургија, пластика, ботокс, филери. Постојана борба за вечна младост. Можно ли е да останеме постојано млади и да се бориме против стареењето? Во утринската емисија „Слободен печат“ на овие, но и на многу други прашања одговор побаравме од доктор Роберт Стојовски специјалист по пластична и реконструктивна хирургија од приватната здравствена ординација „Роберт Стојовски“. На прашањето дали има само жени пациентки докторот вели дека жените секојдневно му го доверуваат својот изглед, но се почесто пациенти му се и припадниците на посилниот пол.

– Сè уште има стереотип кај мажите околу пластичната хирургија, се кријат. Кога се во прашање корекција на уши и нос не се кријат повеќе, посебно помладите кај кои има зголемени машки гради. Повозрасните мажи најчесто прават подигање на очните капаци кои се опуштаат со текот на годините и имаат вишок кожа-вели Стојовски.

За нехируршките третмани како ботокс и филери, вели дека третманот со нив се почнува многу порано. Тоа е превенција за стареење.

– Ако некој користи ботокс од 25 до 35 години на таа возраст сигурно ќе изгледа помладо. За 15 години користење на овие средства се кратат 10 години само да не се претерува. Ако претерано се употребува има отоци и надуеност на лицето-вели докторот.

На прашањето кога е вистинско време за ботокс Стојовски вели дека е индивидуално и зависи од генетиката.

Др. Роберт Стојовски /Фото: “Слободен печат”/Драган Митрески

– Може некое девојче или машко на 19 години да има повеќе брчки од некој на 29 години. Ботокс се употребува каде што има мимика, значи во мускул се става и се прави блага пареза на тоа место. Подмладување со блеферопластика или операција на очни капаци е операција со локална анестезија. Интервенцијата трае 50 минути, закрепнувањето од 5 до 7 дена. Многу лесна процедура скоро и да не постојат компликации. Се прави со локална или целосна анестезија во зависност дали треба да се вадат масни перничиња околу очите или не-вели Стојовски.

Фејслифтинг се прави кога веќе има опуштеност на вратот. Таму не може да се интервенира со ботокс и филери, а закрепнувањето е околу 2 недели. Кај нас се прави после 50 или 60 годишна возраст.

– Се прави повеќе кај пациенти кои пушат, старее кожата, сува е изложени на надворешно влијание-вели Стојовски.

Вели дека не оперира трансродови пациенти. Честа интервенција во неговата ординација е вградувањето на импланти во гради. Кај млади поради мали или асиметрични гради, додека кај повозрасни многу почесто се прави после 2-3 раѓања, кога се појавува асиметрија на градите.

– Се вградува имплант и се коригира, се вади вишокот на кожа посебно кај мајки кои доеле од една града. Има и обратни ситуации кога се бара намалување на градите, од големи се бараат помали гради. Секој месец има по неколку пациенти кои бараат намалување на дојките поради болки во грбот. Во Америка оваа операција ја покрива Фондот за здравство- вели Стојовски.

Тој објаснува дека често се случува пациентки да се појават со фотографија од позната личност и да бараат да направат некоја корекција на лицето за да наликуваат на личноста од фотографијата.

– Но не прифаќам. Треба да ми донесат фотографија од таа личност како изгледала претходно за да видиме како изгледа сега. Да видиме што материјал има за работа. Секогаш се стремам моите пациенти да ја задржат својата автентичност и се да биде во рамки на нормала, да не изгледаат слични едни на други-вели Стојовски.

И за неговата сопруга вели дека е негова пациентка.

– Да секако ако е кај друг нека каже слободно-вели Стојовски.

За мажите вели дека често прават неестетски корекции. Најчесто кога губат и додаваат килограми. Липосукција прифаќа само кај жени и мажи кои смениле начин на живот. Ако за три месеци не сменат ништо и не изгубат 5 до 7 килограми не прифаќа липосукција.

– Најлесно ми е да го извадам масното ткиво, но ако јаде како порано нема ефекти, се зголемува тежината и ништо не сме постигнале. Сум за липосукција кај пациенти кои сакаат да сменат начин на живот и најчесто липосукција правам со абдоминопластика. После бремености посебно кај повозрасни мајки. Веќе сум како матичен лекар за естетска хирургија. Ако не се чувствува сигурно пациентот не доаѓа повторно-вели докторот.

Тој вели дека и самиот користи ботокс обично во октомври и мај бидејќи спортува на отворено, а целта му е да ја заштити кожата.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот