ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Букурешт ме научи да бидам похрабар, вели ученикот со оштетен слух Алиекбер Шакири

Алиекбер Шакиров / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Десет ученика од единственото средно стручно училиште за лица со оштетен слух во државава, ДУЦОР „Партенија Зографски“, придружувани од наставници од истото училиште неодамна беа во посета на Романија во рамките на проект поддржан од Еразмус+. Стекнувајќи искуство од романското образование, воедно го почувствувале и животот во странство, поточно снаоѓањето во една друга, непозната земја, објаснува за „Слободен печат“ Алиекбер Шакири , ученик со оштетен слух кој е втора година на машинската насока при ДУЦОР „Партенија Зографски“-Скопје.

– Во Романија тројца од учениците беа девојчиња кои следеа практичен дел за текстилната индустрија, а ние момците следевме пракса за машинство. Притоа имавме можност да се запознаеме со автолимарски работилници и ни беше навистина интересно искуство затоа што за време на праксата ни дозволија да пробаме да смениме гума, кочници и масло на возилата. Беше навистина интересно – вели Шакири.

За Алиекбер посетата на Романија била можност да ја запознае европската култура. Таму запознал ученици кои се глуви и стекнал многу нови познанства.

– При посетата на Букурешт бевме одвоени од нашите професори и воспитувачи и моравме да се снаоѓаме и да живееме според условите на таа земја. Беше навистна предизвик да се снајдеш каде да прошеташ во градот, кои знаменитости да ги посетиш, каде можеш да купиш нешто, многу беше забавно да научиш да се снајдеш сам. Од ова патување ми беше одлично искуство и ме направи похрабар– вели Шакири.

Секоја земја има свој знаковен јазик, појаснува нашиот соговорник, но за да се разберат меѓу себе глувонемите лица треба да го знаат интернационалниот знаковен јазик.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Волак: Пракса од најрана возраст во образованието во Шпанија

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот