ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ацевски: ЈП Македонија пат нема никаков приход од наплата на патарини и трошоци за регистрација на возила

Костадин Ацевски, директор на ЈП Македонија пат / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во интервју за информативната емисија „Слободен печат“, директорот на Јавното претпријатие Македонија пат, Костадин Ацевски се осврна на начинот на буџетирање на ова јавно претпријатие.

Ацевски посочи дека меѓу граѓаните постои забуна од каде јавното претпријатие се финансира и објасни дека „Македонија пат“ не добива пари од државниот буџет, туку дека се финансира од извршени задачи за Јавното претпијатие за Државни патишта.

-„Македонија пат“ не наплаќа средства од Буџет и нема никаков приход од наплата на патарини или од регистрација на возила. Нема никакви средства по основ на трошоци што граѓаните ги плаќаат за користење на патиштата, нема приход ниту од акцизата за горива. „Македонија пат“ се финансира исклучиво по сработени работи за ЈПДП, работите што ги сработува „Македонија пат“ или се во нејзина надлежност во текот на една година се утврдени со програма за одржување на државните патишта за тековната година, која ја носи ЈПДП и во рамки на таа програма се предвидени ставки и суми за тие ставки од областите на редовно, инвестиционо и зимско одржување. По извршување на задачата и по направена пресметка што е сработено и колку тоа чини, средствата се префрлаат на „Македонија пат“, истакна Ацевски.

Целиот разговор со Костадин Ацевски, директор на ЈП Македонија пат погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот