ВИДЕО+ФОТО | Викторија Де Ангелис јаде бурек, а Дамиано се фрли во публиката: Авантурите на италијанската рок – група „Måneskin“
Италијанската рок – група „Måneskin“ победи на 65-тото издание на овогодишниот избор за песна на Евровизија, а изминатиов период популарните млади музичари неуморно настапуваат низ цела Европа.
View this post on Instagram
Бендот одржа бројни концерти пред своите фанови во Берлин, Амстердам, Гетеборг, Копенхаген, Париз, а турнеите и понатаму продолжуваат. Дамиано Давид, Викторија Де Ангелис, Томас Раги и Итан Торчо „рамо до рамо“ настапуваат со светските ѕвезди.
View this post on Instagram
Младите музичари се комплетно посветени на создавање нова музика па поголемиот дел од времето го поминуваат во студио или на сцена пред огромна публика, фанови на бендот ширум Европа. Неуморни и супер популарни во цела Европа, а и пошироко бендот на својот официјален инстаграм – профил ги споделува сите интересни моменти со своите фанови.
View this post on Instagram
На последните објави може да се забележи како Викторија Де Ангелис јаде некоја пита која наликува на „бурек“ и свири бас легната на под, Дамиано ползи на сцената додека настапува пред неговите фанови, а потоа се фрли кон публиката. Томас и Итан или одмараат или свират.