ВИДЕО+ФОТО | Тинејџерката со највисоките нозе на светот: Тешко влегува во автомобил и едвај наоѓа облека и обувки

Фото: Инстаграм

Таа е висока 208,28 см, додека нејзината десна нога е долга 134,4 см, а левата 135,5 см.

Мејси Карин, деветнаесетгодишна тинејџерка од Тексас, ги има најдолгите нозе на светот! Таа влезе и во Гинисовата книга на рекорди, а од тронот ја симна и кошаркарката Екатерина Лисина, чии нозе се долги 132,8 сантиметри.

Таа за првпат сфатила дека има подолги нозе од повеќето во 2018 година, кога не можела да најде пар патики што ќе и одговараат. Кога сфатила дека се разликува од другите, решила да се пријави за Гинисов рекорд и многу лесно успеала да го освои првото место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dude_youre_tall


Таа призна дека понекогаш и е тешко да помине низ вратата или да се влезе во автомобилот, а исто така има потешкотии и да најде облека. Од друга страна – има предност кога игра одбојка или кошарка, а долгите нозе и донесоа популарност и на социјалните мрежи.

@_maci.c #answer to @blue_steele_7.3 #tallgirl #fyp ♬ Let’s Groove – Earth, Wind & Fire


19-годишната девојка им порача на сите луѓе кои изгледаат поинаку да ги прифатат нивните необичности. Таа се надева дека нејзиниот рекорд ќе ги инспирира и другите високи жени!

Една од нејзините цели е да стане највисокиот модел на светот.

„Мејзи е висока 208 сантиметри, па нејзините нозе сочинуваат 60 отсто од нејзината висина! Таа сега е доста популарна на социјалните мрежи и на ТикТок каде ужива во снимање видеа кои го истакнуваат нејзиниот атрибут, благодарение на што го собори светскиот рекорд“, изјави портпаролот на Гинисовата книга на рекорди.

@_maci.cIm now dizzy♬ Contentcaptain – Riah

Откако едно од нејзините видеа стана вирално, таа рече дека на шега одлучила да се придружи на „OnlyFans“, страница позната по содржината наменета главно за возрасни.

„Бидејќи моето видео стана вирално, моето семејство ме поттикна јавно да зборувам за мојата висина и искуство. Преку објави на социјалните мрежи научив да се сакам и прифаќам себеси и сакав да се обидам да покажам дека да се биде висок не е толку лошо како што мислат луѓето“, изјави Мејси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maci Currin (@maci.currin)


Иако сите во семејството на Мејси се високи, ниту еден друг член од нејзиното семејство не е ни приближно висок како таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот