ВИДЕО+ФОТО | Кејти Пери се гушеше на сцена: Орландо Блум со херојски потег

кејти пери орландо блум
Фото: Принтскрин / Instagram

Музичката ѕвезда Кејти Пери се соочи со проблеми со фустанот во кој настапуваше на хуманитарниот настан на фондацијата „Fireworks“, кој почна да ја загушува додека таа се обидуваше да пее – но, за среќа таа има свој херој кој веднаш скокна на сцената на помош.

39-годишната пејачка настапуваше во бледо-виолетов Скјапарели фустан волуменозни ракави, и корсет кој започна да ја задушува иако не делуваше дека е премногу тесен и непријатен за носење.

Актерот Орландо Блум, вереникот на Пери, ѝ помогна на пејачката за време на настанот, веднаш интервенирајќи на самата сцена.

„Орландо, можеш да ми го откопчаш корсетот? Тесен ми е, не можам да пеам“, побара Пери од Блум додека беше на сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

44-годишниот актер истрча да ѝ помогне, ослободувајќи ја пејачката од тесниот корсет, на што таа побарала целосно раскопчување.

„Раскопчај го целиот до долу. Имам појас одоздола. Сè до долу!“, продолжила Пери со барањето.

По укажување помош на својата вереница, Орландо ја бакнал по рамото и побрзал да се врати на своето седиште.

Кејти Пери продолжила со настапот велејќи: „Добро е, сега можам да дишам“. Пејачката не ги сопрела своите емоции, објаснувајќи на публиката дека Блум е „нејзин херој“ и неверојатен татко и пример за нивната заедничка 13-месечна ќерка Дејзи, за која пак ќе каже дека е „идна моќна жена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fashion.ie (@fashion.ie)

Орландо Блум подоцна во вечерта објави фотографија од Пери пред панелот на настанот која ја закити со убави и топли зборови.

„Беше привилегија да се прослави моќта на жените минатата вечер. Се гордеам со тебе и твоето огромно срце кое ги совладува сите околу тебе. Фондацијата „Firework“ е суштината на твојот убав и детски дух“, напиша Блум, додавајќи „емоџи“ срциња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Блум и Пери ја обновија својата врска во 2016 година, а ја закитија со веридба во 2019 година и раѓање на нивната ќерка во август 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best Movie (@bestmovie_mag)

Настанот на кој настапуваше Пери беше наменет за нејзината непрофитна фондација „Firework“, која има за цел да ги оспособува децата во недоволно опслужените заедници да ја „заискрат својата внатрешна светлина“ преку уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот