ВИДЕОАНКЕТА | Зошто не се работи на 1 Мај?
Првиот ден од месецот мај, се прославува како Меѓународен ден на трудот. Овој ден е посветен на борбата за правата на работниците. Меѓународниот ден на трудот се празнува и одбележува во повеќе земји во светот. До 2006. година во Македонија, овој празник се прославувал два дена – на 1 и 2 мај, а од 2007. година до денес се прославува само на 1 мај. Карактеристични за овој ден се протестите на синдикатските здруженија. Оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија ќе одржи протест, а голем дел од граѓаните овој ден ќе го искористат како ден за одмор, правејќи пикник или скара.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали знаат зошто не се работи на први мај, што се случило на овој ден, и како планираат да го поминат овој ден.
Сите анкетирани беа запознаени со тоа што се случило на први мај и зошто се одбележува и празнува овој ден.
-Тоа е долга приказна. Мислам дека има случај од Чикаго, во 1880 и некоја година, работниците од Чикаго се креваат на протест, за да изразат незадоволство поради неподносливи услови за работа и слично. Таму се брутално загушени на тој протест. Тие работници се омалуважувани, носени по судски процеси и така натака, дури некои се и погубени. Мислам дека, кратко после тој датум, глобално е проширен денот први мај, како празник на работникот, како еден вид да отпор против феудалното однесување кон работникот, и за среќа ден денеска се празнува тоа – рече еден од анкетираните.
Дел од нив споделија и како планираат да го поминат времето овој четврток.
– Ќе бидам во Скопје, така што ќе излезам на протест, а потоа ќе одам на скара – изјави едно момче за „Слободен печат.“


