Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Колку чини твојот аутфит?

Колку пари од буџетот издвојуваат Македонците за да имаат добар аутфит? Дали се приврзуваат со некој одреден бренд или ја почитуваат разновидноста? Дали им веруваат на онлајн продавниците или сепак преферираат да купат некое модно парче кое претходно ќе го пробаат во бутиците? „Слободен печат“ ги праша граѓаните кои со задоволство ги споделија нивните модни преференци.

Според одговорите на испитаниците, тие претпочитаат да купат облека која претходно ќе ја пробаат во бутиците.

-Преферирам да купам облека во бутик, но нарачувам и онлајн, бидејќи голем дел од парчињата ги нема во нашите бутици – рече едно младо момче.

Додека пак како бренд кој им е омилен или бутик од каде што најчесто купуваат облека, граѓаните ги издвоија „Зара“, „Ејч Енд Ем“, „Ваикики“ и други.

– Некој омилен бренд од каде што купувам облека немам, меѓутоа најчесто купувам од „Зара“, „Ејч Енд Ем“ или „Бершка“ – рече една од испитаничките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот