ВИДЕОАНКЕТА | Ги прашавме водителите има ли предизвик во поткастот?

Фото Колаж на СП

Поткастот како медиум, во последно време, стана најпоpлуларниот начин за изразување меѓу водителите. Истовремено расте и бројот на публика на поткастите, луѓето се навикнаа и сакаат да се информираат преку овој формат, сакаат да слушаат и гледаат поткасти, велат водителите на поткаст.

„Слободен печат“ ги праша македонските водители на поткаст од каде поривот за тоа да се занимаваат со овој медиум.

– Ни малку не беше моја идејата да бидам дел од поткаст, но бидејќи самиот радио медиум каде што работам се префрли на социјалните медиуми и ја доби таа форма, а бидејќи сум дел од тој тим следствено ме поканија и јас да бидам еден од водителите – вели Марко Марк водител на поткастот на „Урбан ФМ“.

– Сметавме дека недостасуваа едукативни содржини во етерот, а во моментов има се повеќе и се подобри и тоа ме радува – рече Јована Аврамовска водителка на поткастот „Што го врти светот“.

– Со години консумирав поткасти. Истовремено сум многу љубопитен на темата психофизички развој, сакам да разговарам и така започнав. Потоа како од Господ пратен се појави Жаре и кликнаа работите – вели Томе Попчевалиев водител на поткастот „Бајкерот и кросфитерот“.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Цветковска: Ми пречеше тоа што темите кои ги обработував во вестите беа на маргините, затоа создадов поткаст

 

Македонија неодамна го доби агрегаторот за поткасти чија цел е да ги смести на едно место сите поткасти на едно место и гледачите на поедноставен начин да стигнат до посакуваната содржина. Според Сашо Орадановски водител на поткастот „Политиканти“, агрегаторот треба да стане вистински агрегатор.

– Засега овој агрегатор е многу рудимантарен, за да може навистина да придонесе за развојот на поткастите тој мора да стане вистински агрегатор. Тоа значи да прави дневни билтени со дневни извештаи, но тоа бара посебна машинерија која претпоставувам дека зад овој агрегатор ја нема. За жал тие го користат нашиот труд за да прават некакви профити – вели Ордановски.

– Агрегаторот за поткасти е одлична алатка за секој кој сака да гледа поткаст на македонски јазик, а не знае кој да го одбере. Таму ви се сортирани сите по азбучен ред и со еден клик ве носи до Јутјуб до вашиот нов омилен поткаст – вели Жарко Батиќ водител на поткастот „Бајкерот и кросфитерот“.

Нашите соговорници се оптимисти дека македонскиот поткаст оди во правилна насока.

Целото видео погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот