ВИДЕОАНКЕТА | Дали треба да се слави полнолетство или матура?
Месецот мај е асоцијација на прослави и еуфорична атмосфера за матурските и апсолвентските забави. Во голем дел од рестораните и кафеаните каде што се прославува завршувањето на средното образование за учениците, или за нив највозбудливата вечер, може да се слушне жива музика. Со еднаков интензитет и возбуда се прославува и стапнувањето во полнолетноста и независниот свет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали е подобро да се слави полнолетство или матура. Исто така ги прашавме подетално околу трошоците за матурската прослава, колку сметаат дека е во ред да се потроши и слично, на што анкетираните го кажаа своето мислење.
На прашањето дали треба да се слави матура или полнолетство, помладите одговорија дека би требало да се слават и двата настани.
– Јас мислам дека треба да се слави матура, но сепак мислам дека најоправдано би било да се слави дипломирање на факултет – рече една госпоѓа.
Едно младо момче смета дека денес на матурите им се дава многу поголемо значење:
– Матурите денес ги прават како свадби, така што нема потреба од толку големо чаламење, а полнолетството може да се прослави скромно – рече тој.
Сретнавме и матуранти кои ги прашавме колку сметаат дека е доволно да се потроши за матурскиот „аутфит“, на што тие одговорија:
-Нека потроши кој колку има, кој колку може да си дозволи – изјавија тие.


