Дали лековите стануваат луксуз за граѓаните? фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА: Дали лековите стануваат луксуз за граѓаните?

Постојаното покачување на цените на медицинските производи и лековите – особено оние што не се секогаш покриени со рецепт – сè повеќе ги вознемирува граѓаните. За многумина, редовната терапија станува финансиски товар, најмногу за хронично болните, пензионерите и лицата кои живеат од социјална помош.

Од Фармацевтската комора информираат дека кај дел од фармацевтските компании се забележува континуирано зголемување на цените, особено кај лековите што се издаваат без рецепт. Како ова го чувствуваат граѓаните во секојдневието?

Во видеоанкетата, дел од нив отворено зборуваат за реалната состојба.

„Немам хронично заболување и не примам терапија, ама знам луѓе што примаат. Цените се отидени многу високо и не знам колку се пропорционални со примањата на луѓето“, вели еден од анкетираните.

Друг граѓанин посочува дека проблемот не е само во цените, туку и во пристапот до здравствена заштита:

„Примам терапија преку јавно здравство и, со оглед на примањата што ги имам, можам да си ја приуштам. Но проблемот е што не може лесно да се дојде до специјалист. Се чека по два-три месеца.“

На прашањето дали терапијата би можеле да ја купуваат приватно, дел од граѓаните се скептични:

„Приватно? Тешко. За многумина тоа е невозможно. Цените се високи и за тие што не можат да си приуштат, ова е сериозен проблем.“

Други пак ја поврзуваат ситуацијата со општото поскапување:

„Не се само лековите. И храната, и хигиенските средства, и здравството – сè е поскапено. Последните неколку месеци цените драстично рипнаа.“

За голем дел од граѓаните лековите веќе не се само здравствена потреба, туку и луксуз што секој не може да си го дозволи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот