Ноам Бетан, израелскиот претставник на Евровизија во 2026 година / Фото: Фејсбук/Ноам Бетан

ВИДЕО | Земјата што го предизвика бојкотот на Евровизија избра претставник: Еве кој ќе пее за Израел

Ноам Бетан, 27-годишен пејач од Ра’анана, ќе го претставува Израел на овогодинешниот Евросонг откако победи во синоќешното финале на популарното натпреварувачко шоу „Ѕвезда во подем“, пишува „Тајмс оф Израел“. Бетан, роден во семејство на француски имигранти, во финалето ги победи Гал де Паз, Шира Злуф и Алона Ерез и стана првиот машки израелски претставник на Евровизија од 2022 година.

Откако беше прогласен за победник, тој ѝ се заблагодари на публиката: „Ви благодарам што ме избравте – ќе дадам сè од себе, ќе направам сè што можам за да ја претставам нашата земја. Тоа е навистина голема привилегија.“

Кога оваа сезона на шоуто „Ѕвезда во подем“ започна во ноември, учеството на Израел на Евровизија беше под знак прашалник поради сè погласните повици за исклучување на земјата поради нејзиното учество во војната. Сепак, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) минатиот месец со големо мнозинство одлучи дека Израел нема да биде исфрлен.

Таа одлука ги поттикна Ирска, Исланд, Холандија, Шпанија и Словенија да го бојкотираат овогодинешниот натпревар во знак на протест.

Бетан е свесен дека таму нема да го пречекаат со раширени раце, но вели дека тоа нема да го обесхрабри.

„Тоа е влегување во лавовската јама. Но, кога ќе ги видите тие неколку израелски знамиња во публиката – ќе ги погледнете и знаете дека целата нација е зад вас, дека сте нивниот глас. Тоа е навистина привилегија“, рекол тој во интервју за радиостаницата Кан Гимел.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


За разлика од некои претходни израелски претставници, Бетан веќе има изградена музичка кариера, иако не е меѓу најпознатите изведувачи во земјата.

Се предвидува дека Бетан ќе го пречека слична атмосфера како и некои претходни израелски претставници – протести, свирежи и закани, но и силна поддршка од дел од публиката. Таква поддршка, благодарение на гласовите на гледачите, почувствуваа и Еден Голан во Малме 2024 и Јувал Рафаел во Базел минатата година, што им донесе високи пласмани.

Иако до Евровизија остануваат уште четири месеци и досега се познати само неколку натпреварувачи, Израел во моментов е прв на обложувалниците. Аналитичарите го припишуваат ова на очекувањето дека поддржувачите на Израел и оваа година организирано ќе застанат зад својот претставник.

Од друга страна, се очекува стручното жири, кое носи 50 отсто од вкупните гласови, да го рангира Израел пониско, делумно и за да се избегнат потенцијални организациски компликации што би донела победа и домаќинство на Израел идната година.

Израел се натпреварува на Евросонг од 1973 година и досега победи четирипати: во 1978, 1979, 1998 година со Дана Интернешнл и песната „Diva“ и во 2018 година, кога Нета Барзилаи победи со песната „Toy“.

Скандал ја тресе Евровизија! Холандија, Шпанија, Ирска и Словенија го откажаа учеството поради Израел

Одлуката е донесена: Израел ќе учествува на Евровизија 2026 година

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот