ВИДЕО | Зејн Малик откри дека никогаш не бил вљубен во Џиџи Хадид
Пејачот Зејн Малик во ново интервју откри какви чувства има кон својата поранешна девојка Џиџи Хадид, пренесува „Дејли мејл“. Во разговор со Алекс Купер за емисијата „Call Her Daddy“, Малик се осврна на изјавата од 2024 година кога рече дека не е сигурен дали навистина се вљубил во неа.
Препорачано
„Моето разбирање за љубовта постојано се развива. Во тој момент можеби мислев дека е љубов, но како што стареев, сфатив дека можеби не беше. Можно е тоа да беше само страст. Не чувствувам дека тоа беше љубов“, изјави Малик.
Тој додаде дека секогаш ќе ја цени Хадид бидејќи му родила дете и дека има почит кон неа.
„Секогаш ќе ја ценам, но не знам дали некогаш бев вистински вљубен во неа“, истакна Малик.
Малик и Хадид беа во врска од 2015 до 2021 година, а нивната разделба следеше по вестите дека Малик наводно ја нападнал мајката на Џиџи, Јоланда Хадид, за време на расправија. Пејачот ги негираше обвинувањата, иако доби условна казна од 360 дена поради наводниот инцидент.
Малик, кој од 2012 до 2015 година беше во врска и верен со пејачката од „Литл микс“, Пери Едвардс, изјави дека „не сака повторно јавна врска“, велејќи дека од претходното искуство научил дека тие „не функционираат за него“.
„Не барам јавна врска повторно, и од искуство, без навреда кон никого со кого сум бил во јавни врски, само сум научил дека тоа не функционира за мене. Јас сум прилично приватна личност. Не се трудам за да добијам внимание од луѓето. Врската навистина треба да биде само помеѓу мене и таа личност“, објасни Зејн.


