ВИДЕО: За пет зборови добила 100.000 евра! Ова е најскапиот хит на Марина Туцаковиќ, а сите го знаеме

Instagram
Марина Туцаковиќ / Фото: Принтскрин / Instagram

Марина Туцаковиќ е една од најпознатите текстописци на овие простори. Таа стои зад многубројни хитови испеани од бројни познати пејачи во регионот.

Пејачката Неда Украден во една прилика открила и кој е најскапиот стих кој на Марина Туцаковиќ ѝ донел дури 100.000 евра.

– Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и ние двајцата неколкупати се скаравме околу самиот наслов на песната. Прво ја нарековме „Јоване, зора е“, па потоа „Милане, зора е“. Последната и конечна верзија е „Зора е“ – рекла Неда во една емисија и додала:

„На крајот, ја повикав Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, а тоа е: „Suza je iz oka kanula“. Тој стих ѝ донесе над 100.000 евра – рекла Неда своевремено во една емисија.

Неодамна беше откриено и дека песната „Исус“ испеана од Светлана Цеца Ражнатовиќ, била наменета за друг пејач.

Оливер Мандиќ ја снимил таа песна на крајот на 1989 година, сакајќи да ја објави на својот албум, но по долго размислување, тој сепак се откажал од неа.

Токму во тоа време, Марина Туцаковиќ работела на албумот на Цеца и ѝ понудила да ја земе песната и да ја испее.

На фолк-пејачката веднаш ѝ се допаднала песната и се согласила да ја испее, а Марина потоа го напишала текстот, додека музиката ја потпишал самиот Оливер Мандиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот