Стјепан Периќ и Јелена Јованова / Фото: Инстаграм/Јелена Јованова

ВИДЕО | За нејзина љубов се сменил за само десет дена: Сопругот на Јелена Јованова се отвори за бракот

Стјепан Периќ се отвори за бракот со својата сопруга, актерката Јелена Јованова, и раскажа што е она што го направил за само десет дена за полесно да функционира нивниот брак.

Хрватскиот актер, кој речиси 11 години е во брак со македонската актерка и живеат во Загреб, зборуваше и за нивните два сина – Јаков, кој има пет и пол години, и Тома, кој има една и пол година.

„Мојата сопруга и јас сме во брак од 2015“, рече Стјепан Периќ во интервјуто за хрватскиот „Хајп ТВ“, а потоа додаде дека ги памети сите нивни годишнини.

На прашањето дали е совршен сопруг, актерот одговори: „Не знам, тоа неа треба да ја прашаш“, а потоа раскажа како го учел македонскиот јазик.

„Македонски научив и тоа ми е супер. Мислев дека е многу тежок да се научи, но всушност не е. Заминав таму еднаш на десет дена и им реков на нејзините родители, на брат ѝ и на сите кои беа таму: ‘Ајде, зборувајте сега само македонски’. Првите два дена ми беше ужас и малку по малку го научив. И навистина во тие десет дена го научив, така што не е научна фантастика“, рече актерот, кој потоа зборуваше за синовите.

Фото: Инстаграм/Јелена Јованова

„Tатковството ми е супер. Тоа ми е толку убаво и ме исполнува. Се трудам да бидам колку што можам подобар и најмногу да си играм со нив, да им дадам љубов, затоа што кога се вака мали, мислам дека единствено тоа е битно. Не знаев дека е можна таа количина на љубов. И не знаев како ќе реагирам во некои кризни ситуации – кога е некој болен, кога треба да одиш во Брза помош, а треба да бидеш смирен. Не сум бил во такви ситуации порано“, рече актерот.

Периќ раскажа дека тој и Јелена засега одлично се организираат околу децата, со оглед на тоа што и двајцата се актери кои имаат долги и интензивни снимања, а и двајцата работат фриленсерски.

„Засега имавме среќа интензивните снимања никогаш да не ни бидат во исто време. Ако се случи да снимаме подолго во исто време, не знам што ќе правиме, но ќе се снајдеме како и досега. Тома сега има нешто повеќе од една година, а Јелена има четири филма во најава за оваа година. Јас имам еден филм и една серија, но ќе се снајдеме. Засега ни тоа не ни се поклопува. Ако се случи таа да не е дома некој период од десет дена, не ми е тешко да останам сам со децата. А ако се погоди подолг период, одиме заедно. Бевме во Љубљана два месеца заедно, бевме во Скопје два месеца заедно, сè беше океј“, рече Периќ.

Интервју со Јелена Јованова: Бракот треба да е круна на љубовта, а не заљубеност во идејата за брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот