ВИДЕО | Вучиќ ги нарече европратениците „патолошки лажговци“, па најави членство на Србија во ЕУ
Австриската национална новинска агенција АПА јавува дека Вучиќ вечерта на 23 октомври, во гостување на провладината телевизија Пинк, се пожалил дека против Србија се води „сериозна хибридна војна“.
Иако во последно време со остра реторика ги нападна европските институции, српскиот претседател Александар Вучиќ сега изрази оптимизам дека Србија би можела да стане членка на Европската Унија до 2030 година.
Препорачано
Австриската национална новинска агенција АПА јавува дека Вучиќ вечерта на 23 октомври, во гостување на провладината телевизија Пинк, се пожалил дека против Србија се води „сериозна хибридна војна“.
Иако не појаснил што точно подразбира под тој израз, се претпоставува дека мислел на студентските и граѓанските протести што низ целата земја траат речиси една година, бидејќи самиот спомнал „повеќе од 25.000 криминални, нерегистрирани и нелегални собири“, објави Нова.
АПА оценува дека „притисоците“ за кои зборувал Вучиќ, и кои според него доаѓаат од различни страни, веројатно се однесуваат и на санкциите на САД против Нафтената индустрија на Србија (НИС), подружница на руската компанија Газпром.
Само неколку дена претходно, Вучиќ ги нарече европратениците „патолошки лажговци“ и „сериозно болни“ поради новата резолуција за Србија. Сепак, сега тој проценува дека постои реална можност земјата да се приклучи на Европската Унија до 2030 година – иако, како што забележува АПА, напредок во тој процес нема со години.
Serbia’s autocrat Vucic says Members of the European Parliament are “wickedly sick” and “pathological liars.” https://t.co/ljwDE9Lkpy pic.twitter.com/Orboqt2Xkq
— Admirim (@admirim) October 23, 2025


