Протести на генерацијата Зет во Лима, Перу/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Вонредна состојба во Лима поради бранот насилство

Новата перуанска влада во четвртокот објави дека има намера да прогласи вонредна состојба во главниот град Лима, поради бранот насилство што се припишува на организираниот криминал, што предизвика големи протести и инциденти со еден мртов и над сто повредени, објави Дојче веле.

„Ќе ја објавиме одлуката за прогласување вонредна состојба, барем во регионот Лима“, изјави привремениот шеф на владата Ернесто Алварез за печатот по состанокот на кабинетот.

Минатата недела, поранешната претседателка Дина Долуарте беше отстранета од функцијата од страна на пратениците, кои ја наведоа неспособноста на нејзината влада да го спречи криминалот.

Нејзиниот заменик, претседателот Хозе Хери, веќе се соочува со повици од демонстрантите да се повлече. Вчера Хери им рече на новинарите дека нема да поднесе оставка.

ВИДЕО | Перу: Протести во Лима против новото политичко раководство, најмалку 75 повредени

 

„Моја одговорност е да ја одржувам стабилноста на земјата; тоа е моја одговорност и моја обврска“, рече 38-годишниот Хери. Тој додаде дека ќе побара од Конгресот „овластување за донесување закони за прашања од јавната безбедност“.

Група демонстранти се судрија насилно со припадници на Перуанската национална полиција за време на националниот протест свикан од разни организации.

Во четвртокот, канцеларијата на обвинителот на Перу во средата соопшти дека ја истражува смртта на 32-годишниот демонстрант и хип-хоп пејач Едуардо Руиз.

Обвинителите изјавија дека Руиз бил застрелан за време на протестите. Полицијата соопшти дека полицаецот кој го повлекол чкрапалото бил физички нападнат.

Пукањето во Руиз треба да биде „објективно“ истражено, рече претседателот Хери, изразувајќи жалење.

Хери рече дека насилството е резултат на „деликвенти кои се инфилтрирале во мирни демонстрации за да сеат хаос“ и вети дека ќе ја примени „целата сила на законот“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот