ВИДЕО: Волеј-гол на Ван де Бек за победа на Манчестер јунајтед против Лион

Дони ван де Бек („Манчестер јунајтед“)/фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Манчестер јунајтед во подготовките за новата сезона триумфираше минимално во контролениот меч против Лион со 1:0.

Стрелец на единствениот гол за „црвените ѓаволи“ во Единбург беше Ван де Бек во 49 минута од натпреварот.

Со еден убав волеј играчот на Јунајтед ја испрати топката во мрежата на францускиот клуб.

Менаџерот на премиерлигашката екипа, Ерик Тен Хаг се одлучи да им даде шанса на младинците во овој пријателски дуел, а од поискусните тука беа само капитенот Фред и стрелецот Дони Ван де Бек.

Следниот тест Манчестер јунајтед ќе го има на 22 јули против Арсенал, додека Лион следниот ден закажа контролен меч со белгискиот РВДМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот