ВИДЕО: Во судир на камион, автобус и автомобил на патот Приштина-Пеќ, повредени 30 луѓе

Фото: Kossev

На патот Приштина-Пеќ, Косово, попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувале камион, автобус и автомобил, при што беа повредени 30 лица.

Автобусот кој учествувал во оваа несреќа превезувал ученици од Прешево кои се враќале од Албанија од екскурзија.

Портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи потврди дека во несреќата се повредени 30 лица и дека на местото на настанот пристигнале медицински екипи.

„Во 15 часот и 50 минути полицијата била известена за сообраќајна незгода што се случила на патот Приштина-Пеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица. Известени се и медицинските екипи“, изјави Красниќи.

Во Универзитетскиот клинички центар во Приштина се примени 13 пациенти по сообраќајната несреќа што се случи на патот Приштина-Пеќ , а одговорниот лекар Насер Сиља изјави дека нивната состојба е стабилна и дека сите се пуштени од болница,пренесуваат косовските медиуми.

„Пред околу еден час беа донесени 13 лица, од кои седум студенти. На сите им беше укажана помош и сите беа испратени дома бидејќи не се тешко повредени“, рече Сиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот