ВИДЕО: Во Бразил има ново фудбалско чудо, на 172 натпревари постигна 170 гола

Ендрик Фелипе/фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Бразилскиот тим Палмеираш организа голем спектакл на кој неговот чудо од дете, Ендрик Фелипе ќе го потпише првиот професионален договор.

Неверојатниот фудбалски талент денеска наполни 16 години и доби право да стане професионалец и да го потпише првиот професионален договор, но бразилските медиуми шпекулираат дека за две години Ендрик веќе ќе биде член на некој европски фудбалски гигант.

Палмеираш тврди дека младиот напаѓач на 172 натпревари во младинските категории постигнал неверојатни 170 гола.
Тој го привлече вниманието на себе откако постигна шест гола на седум натпревари на Копиња, најголемиот турнир во Бразил за фудбалери до 21 година.

Младиот фудбалер веќе е на радарот на европски гиганти како Манчестер Сити, Барселона, Реал Мадрид…
Палмеираш очекува потпишувањето на професионалниот договор со Ендрик Фелипе да биде спортски настан број 1 во Бразил, и е најавено дека телевизии и весници ќе го пренесуваат тој чин во живо.


Интересно е што во речиси сите анкети во бразилските медиуми, името на Ендрик кај навивачите фигурира највисоко на листата за потенцијалните патници на Светското првенство во Катар.

Ендрик во Палмеираш дошол како сиромашно 11-годишно момче откако бил забележан од скаутите на турнир. Откако поминал на пробата, претставници на Палмеираш на неговото семејство му понудиле да се пресели од Бразилија во Сао Пауло, но неговиот татко барал клубот да му најде работа, по што дал зелено светло за доаѓањето на Ендрик во Палмеираш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот