Фото Зелена народна стража
Фото Зелена народна стража

ВИДЕО| Власта ги казни со 600 евра луѓето што ja блокираат сечата на шума, тврдат активистите

Активистите од Преспа почнаа блокада за одбрана на шумите кои водат до селото Љубојно, информираат од иницијативата „Зелена народна стража“.

„Сложно и сѐ е можно! Кога народот го брани својот дом ни еден потпис од некој си надлежен, не може да застане на патот!“, пишуваат од иницијативата на социјалните мрежи каде поставуваат видео материјали од нивните протести и блокади.

Како што посочуваат оттаму, покрај уништувачката сеча на шумата, преспани алармираат и за пресушената Брајчинска Река, заради мини хидроцентрата, планината Галичица и Преспанско Езеро, кои се под голема закана од погубната, самоуништувачка политика против природата.

Додека чесните луѓе си го бранеа домот и истурија песок за да го блокираат патот што води до сечата, власта одлучи да ги казни со 600 евра, по основ дека истуриле отпад – песок! Мораме да си го браниме и она малку што ни остана, бидејќи ни се заканува еколошка катастрофа! Нашата света земја, за која нашите предци гинеле и ја бранеле, некои сакаат да ја уништат за неколку години!, велат од Зелена народна стража.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот