ВИДЕО: Влаховиќ му донесе триумф на Јувентус против Фросиноне

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Денеска во 17 коло од италијанското првенство фудбалерите на Јувентус со 2:1 на гостински терен славеше против Фросиноне.

По првото полувреме водеше „Старата дама“ со погодокот на Јилдиз во 12 минута на стадионот „Бенито Стирпе“.

Домаќините израмнија на стартот од второто полувреме преку Баез (51`), а победата на Јувентус ја донесе Влаховиќ во 81 минута по асистенцијата на МекКени.

На табелата во Серија А Јувентус е второпласиран со 40 бодови, еден помалку зад водечкиот Интер кој има меч помалку. Фросиноне е на 14 позиција со 19 бодови.

Во следното коло Јуве ќе ја пречека Рома на 30 декември, додека еден ден порано Фросиноне ќе му гостува на Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот