ВИДЕО | Вистински хит: Исчезната свиња по име Кевин Бејкон вратенa кај сопствениците со помош на актерот Кевин Бејкон

Фото: Profimedia / Facebook

Свињата по име Кевин Бејкон, која помина повеќе од две недели во бегство во Пенсилванија, конечно е дома благодарение на неколку повици за помош, меѓу кои и од истоименикот, актерот Кевин Бејкон, пишува „Њујоркпост“.

Челзи Рамбо ја донела двегодишната свиња тешка 100 кг, на нејзината фарма во Камберленд Тауншип на 13 октомври, но веќе следниот ден таа избегала. Поради, тоа очајната девојка на страницата на Фејсбук насловена „Донесете го Кевин дома“ објавила повик за помош да се пронајде свињата.

„Бевме толку блиски [со Кевин] што мојот 16-годишен го галеше. Постојано беше блиску, но на крајот избега во шумата“, напиша Челзи на страницата.

Во текот на следните две недели, свињата го поминувала своето време шетајќи низ шумите во областа, понекогаш појавувајќи се во домовите на соседите, но нејзиното заловување било неуспешно.

Кога познатиот актер Кевин Бејкон дознал за исчезната свиња, тој се огласил на социјалните медуми за да ја рашири веста, каде кратко напишал: „Донесете го Кевин Бејкон дома!“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

За среќа, по повеќе неуспешни обиди, свињата Кевин Бејкон била фатена со помош на стапица која содржела Бенадрил, седатив кој е безбеден за домашни миленици.

Веста за исчезната свиња Кевин Бејкон стана вистински хит во странските медиуми, особено зошто го привлече вниманието на познатиот актер.

Инаку, откако свињата безбедно се вратила на фармата страницата на Фејсбук е променета во „Авантурите на Кевин“ каде семејството поставило страница „Гоуфандми“ со цел да соберат пари и да ги реализираат своите планови за фармата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот