ВИДЕО | Винс Вон доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд: Мел Гибсон беше меѓу присутните пријатели
Винс Вон (54) вчера доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а големо внимание привлече неговиот колега и пријател, Мел Гибсон (68).
Препорачано
На ѕвездата на „Wedding Crashers“, му се придружија неговата сопруга Кајла и нивните две деца, ќерката Локлин (13) и синот Вернон (11).

Вон и неговите две деца, кои ретко се појавуваат во јавност, позираа заедно на познатата холивудска патека. Актерот ја изрази својата благодарност за семејството, велејќи дека е „многу благодарен“ што ги има покрај себе во овој посебен момент, пренесе „Пипл“.
„Мојата прекрасна сопруга Кајла, многу ми е мило што сега си со мене тука, многу сум благодарен за тебе и овие прекрасни деца и за сета смеа што ја споделуваме заедно“, рече тој. „Колку и да ми значи сето ова, Вернон и Локлин, вие навистина треба да знаете дека вие сте најважното нешто на светот за мене“.
Како поддршка на Вон на церемонијата на откривањето на ѕвездата се појавија повеќе пријатели и колеги на актерот, но најголемо внимение привлече Мел Гибсон, кој носеше бела маица и очила за сонце.

Многу негови обожаватели пишуваат дека никогаш не изгледал подобро, а особено се воодушевени жените.


