ВИДЕО: Вест хем непријатно го изненади Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Фудбалерите на Вест хем во Лондон непријатно го изненадија Манчестер јунајтед совладувајќи го со 1:0, во натпреварот од 35 коло во Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол за „чеканите“ беше Саид Бенрахма во 27 минута, по лошата интервенција на голманот на „црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа.

По вториот пораз во низа, составот на Ерик Тен Хаг се наоѓа на четвртото место со 63 бодови.

Вест Хем откако ја прекина серијата од три последователни порази е на 15 позиција со 37 бодови.

Во следното коло Манчестер јунајтед го пречекува Вулверхемптон, а екипата на Дејвид Мојз гостува кај Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот