Лијам Пејн и Кејт Кесиди / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Вереницата на Лијам Пејн објави видео и откри колку ѝ недостасува пејачот

Инфлуенсерката Кејт Кесиди на социјалните мрежи објави видео на кое е со починатиот пејач, нејзиниот некогашен партнер, Лијам Пејн, а во кое двајцата танцуваат на некогаш популарниот вирален тренд. Видеото проследено со песната „Funky Town“ од бендот „Cartoon Band“, ги прикажува Кејт и Лијам како танцуваат, момент кој разнежи многумина.

Во описот на видеото, Кејт напиша:

„Ми недостига да правиме вакви трендови“, потсетувајќи на убавите спомени што ги делеле заедно.

 

Фановите брзо реагираа со емотивни коментари, изразувајќи поддршка за Кејт и сеќавање на Лијам.

„Тој сè уште те гледа и те сака, Кејт“, „И ние го паметиме. Тој е горе, на небото, и танцува со тебе – не грижи се“.

Лијам Пејн почина на 16 октомври 2024 година, откако падна од балконот на хотел во Буенос Аирес.

Членот на „Уан Дајрекшн“ се наоѓал во Аргентина за да го поддржи својот пријател Најал Хоран на концерт. Лијам и Кејт беа во врска речиси две години.

Пријателот на Лиам Пејн откри: „Најблиските навистина се обидоа да му помогнат“

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот