ВИДЕО | Венчавка на 6.439 метри надморска височина: Младенците три дена се качувале до врвот

Фото: Принтскрин / Youtube

Џони Пачеко и Хајди Пако го изговорија судбоносното „да“ на врвот Иљимани, највисоката планина во западна Боливија, а целата церемонија барала значителна подготовка.

Младенците имале огромна среќа со времето, бидејќи сонцето и пријатните температури ја направиле церемонијата на врвот на планината уште поспецијална.

Целата церемонија барала голема подготовка. На младенците и гостите им биле потребни три дена да се искачат на врвот на планината од главниот град на Боливија, Ла Паз. Неколку луѓе имале задача да ги носат венчаницата, украсите и храната за прославата, што не било нималку лесна задача, имајќи предвид дека носеле дополнителни 20 килограми тежина.

Џони и Хајди ги кажале своите завети на 6.439 метри надморска височина.

И двајцата се спортисти и љубители на природата, како и љубители на планините. Од таа причина, тие одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина, изјавил Агустин Гонзалес, планинар и кум на младоженецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот