ВИДЕО | Велковски: Имаме сериозен проблем што Скопје не го направивме затворен град

Никола Велковски поранешен главен архитект на Град Скопје
Никола Велковски поранешен главен архитект на Град Скопје / Утрински брифинг

Можеби ќе треба да сега да се ревидира Генералниот план на градот, затоа што ги надминавме сите проценти и параметри на густина на живеење по хектар на живењње, како што е планирано, изјави за Утрински брифинг Никола Велковски поранешен главен архитект на Град Скопје, екс претседател на Здружението на градежништво при Стопанската комора на Северна Македонија.

-Треба да одиме на ревидирање и цело преиспитување на сите оние намени што Градот Скопје ги зацртал во 2012-та година. Ги надминавме деловите околу намените за домување. Скопје треба да се сведе на минимум на станбената градба. Има делови кои што треба да се доурбанизираат, но треба да се смали катноста, вели Велковски.

-Имаме сериозен проблем што Скопје не го направивме затворен град. Мораше да се прејде кон некоја форма на затворање на градот во смисла да не може да се добие престој, вели Велковски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот