ВИДЕО | Ведрана Рудан за Бранислав Лечиќ откако ја тужеше Анѓела Јовановиќ: „Доволно е да го видам неговиот поглед и сѐ ми е јасно“

Фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук

Хрватската писателка Ведрана Рудан гостуваше на српската телевизија „ТВ Прва“ и даде свое мислење за актерот Бранислав Лечиќ кој реши да ја тужи својата помлада колешка Анѓела Јовановиќ бидејќи одбила да сними сцена со него во серијата „Радио Милева“.

Имено, Ведрана истакна дека Бранислав Лечиќ не го смета за џентлмен, и дека поради тешката ситуација со нејзиниот татко научила како да ги проценува луѓето.

„Немам потреба да слушам сведоштво на ниедна жена. Доволно е да го видам неговиот поглед, неговата насмевка и сè ми е јасно“, изјавила Ведрана во гостувањето на ТВ „Прва“.

За потсетување, денеска во Првиот основен суд во Белград се одржа рочиште во врска со тужбата на актерот Бранислав Лечиќ против неговата колешка Анѓела Јовановиќ кое заврши по 45 минути.

Како што е речено, сведоци во овој судски процес ќе бидат и членови во продукцијата на серијата „Радио Милева“, а следното рочиште е закажано за 30 септември.

Млада српска актерка доби тужба од Бранислав Лечиќ: „Не сакам да сум во ист кадар со тој човек“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот