Млада српска актерка доби тужба од Бранислав Лечиќ: „Не сакам да сум во ист кадар со тој човек“
Актерот Бранислав Лечиќ ја тужи младата актерка Анѓела Јовановиќ бидејќи таа одбила да глуми со него во истата сцена од серијата „Радио Милева“, пренесува „Блиц“.
Препорачано
Како што дознав српскиот медиум, Лечиќ бара Анѓела Јовановиќ да му плати парична сума од 300.000 динари за „повреда на честа и угледот“, а првото, прелиминарно рочиште е закажано за среда, на 6 март.
Анѓела е една од главните актерки во серијата „Радио Милева“, додека Лечиќ требаше да се појави како епизодна улога во четвртата сезона.
Актерката потрдила за „Блиц“ дека Лечиќ поднел тужба против неа за нарушување на неговата чест и углед.
„Да, точно е дека Бранислав Лечиќ ме тужеше на суд, бидејќи одбив да играм со него во серијата ‘Радио Милева’. Одбив да играм поради непријатен инцидент во минатото што го имав со него. Ниту сега ниту во ниту еден момент во иднина не сакам да бидам во ист кадар со тој човек, и поради тоа што го поминав, но и принципиелно поради она за што го обвинуваа моите колеги“, накратко изјавила Анѓела за „ Блиц.
Но, актерката не сакала да зборува за деталите од тоа „непријатно искуство од минатото“.


