ВИДЕО | Вардар рутински ја оправда фаворитската улога против Струга

Фото: РК Вардар/Денис Дуковски

Во единствениот денешен натпревар од ракометната Суперлига екипата на Вардар рутински славеше против аутсајдерот Струга.

Победникот беше решен уште во првото полувреме по кое фаворитот водеше со 16:8. Работите не се променија многу и во вториот дел, па Вардар играше сигурно и дојде до триумф од девет разлика 29:20.

Оваа победа за Вардар е еден вид надминување на шокот кој го доживеа во Кавадарци и поразот од Тиквеш. Денеска Струга достоен противник на Вардар беше само во почетните минути од натпревар до резултат 5:5.

Мерис Бошњак од редовите на Струга беше најефикасниот со десет гола, додека за Вардар Мохамед Бахар постигна девет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот