Големо славје во Кавадарци: Тиквеш го изненади Вардар

Фото: ГРК Тиквеш

Тиквеш слави голема победа над Вардар во ракометниот плеј-оф. Вардарци во салата „Јасмин“ беа поразени со 22:20.

Од самиот старт натпреварот беше интересен и двете екипи се менуваа во водство, меѓутоа ниту еден тим не направи повеќе од два гола разлика се до финишот кога Тиквеш поведе со три гола предност. Сепак, Вардар се врати и на паузата имаше негатива од еден гол (11:10).

Со слично темпо на игра продолжи и второто полувреме, домаќинот знаеше што сака и играше сигурно. По играта гол за гол, Тиквеш беше екипата која успеа да изгради предност.

Вардар беше во проблеми и во последните десет минути влезе со човек помалку, меѓутоа Тиквеш остана на двата гола предност од претходно и не успеа уште тука да го реши победникот. Се обидуваше Вардар, но никако не успеваше да дојде до изедначување.

Во завршницата видовме по некое промашување и на двете страни за на крајот Тиквеш да слави голема победа. За Тиквеш најефикасен беше Ани со седум гола, додека Срдановиќ и Ѓукиќ по пет постигнаа за Вардар.

Вардар со овој пораз прави голем чекор назад во битката за титулата, додека Тиквеш освои важни бодови во битката за излез во Европа.

Во претходните два натпревари кои се играа од плеј-офот денес Тинекс го победи Бутел со 20:18, додека Алкалоид лесно се справи со Струга со 22:32.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот