ВИДЕО | Вандали ја уништувале заштитената природа во национален парк во Невада: Им се заканува затворска казна

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Полицијата и претставниците на Националниот парк „Лејк Мид“ во Невада, САД трагаат по вандали кои неодамна ја уништуваа природната убавина на паркот. Тие се качувале на црвените карпи, а потоа туркале и собориле делови од нив, а целиот чин на нивното дивеење го снимиле други запрепастените посетители кои доказот го проследиле до обезбедувањето на паркот, пишува „Индепендент“.

На видеото јасно се гледа како двајцата мажи се мачат, но остануваат упорни додека не оттргнат и не турнат дел од карпата, а потоа го повторуваат тоа повеќе пати додека ги гледаат камењата како се тркалаат по карпата со што дополнително ја уништуваа природната убавина во паркот. На видеото може да се види и девојче позади двајцата мажи, кое на моменти делува и исплашено.

„Тато, немој да паднеш“, викало вознемиреното девојче од видеото.

Официјалните лица го нарекоа однесувањето исклучително штетно, истакнувајќи дека древните камења не можат да се поправат.

„Тоа е едно од моите омилени места во паркот и го уништуваат. Не го разбирам тоа. Зошто воопшто некој би направил вакво нешто? Зошто би го направил ова? Тоа на некој начин е речиси како личен напад“, изјавил Џон Хејнс, портпарол на паркот.

Националната рекреативна област Лејк Мед, која се наоѓа недалеку од Лас Вегас, има приближно 6 милиони посетители секоја година. Персоналот на паркот не може да биде физички присутен на 2.344 квадратни милји, што значи дека понекогаш се потпираат на јавноста да внимава на некои од локациите на паркот.

„Тоа се 1,5 милиони хектари. Имаме две големи езера, дел од реката Колорадо. Не може да бидеме секаде одеднаш“, додал Хејнс.

Службата за национални паркови работи со линија за совети која прима илјадници поднесоци секоја година. Посетителите се охрабруваат да ги користат своите мобилни телефони, доколку тоа е безбедно, за да го снимаат она што го гледаат и да собираат информации – како регистарски таблички – што би можеле да им помогнат на полицајците да ги идентификуваат прекршителите.

За уништување на овој степен на федерално заштитени локации, двајцата мажи може да се соочат со високи парични казни, па дури и да завршат во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот