ВИДЕО | Ван Дајк во 101. минута го урна Евертон за три бода на Ливерпул во градското дерби
Фудбалерите на Ливерпул славеа на „Хил Дикинсон“ стадионот во рамки на 33. коло од Премиерлигата, совладувајќи го Евертон со 2:1, со што по подолго време врзаа два последователни триумфи во првенството.
Препорачано
Првото полувреме ги оправда очекувањата на љубителите на фудбалот донесе динамична и отворена игра на двете страни. Евертон во 27. минута стигна до погодок преку Ндиаје, но по ВАР проверка голот беше поништен поради офсајд.
Само две минути подоцна следуваше студен туш за домаќините. Салах ја искористи одличната асистенција на Гакпо и донесе водство за „црвените“ во градското дерби. Со резултат 1:0 за Ливерпул се замина на пауза.
Евертон одговори рано во второто полувреме. Во 53. минута по одличната акција, Дјусбери-Хол испрати прецизен центаршут од левата страна, а Бето беше на вистинското место и ја затресе мрежата за израмнување.
Продолжението донесе возбудлива игра со шанси на двете страни, а ремито изгледаше како најреален исход. Сепак, во судиското продолжение, по корнерот на Собослаи, Ван Дајк со удар со глава погоди за конечни 2:1 и голема радост за гостите.


