ВИДЕО | Вакво нешто не се памети: Селекторот на Германија против Србија самиот си поништи гол
Ракометарите на Србија вчераа ја запишаа голема победа на Европското првенство, откако по вистинска драма славеа над селекцијата на Германија со 30-27, а натпреварот го реши и еден клучен детал во самиот финиш.
Препорачано
Пресудниот момент се случи на нешто помалку од три минути до крајот, при резултат 26-25 во корист на Србија. Се чинеше дека Германците нема да го реализираат нападот, но еден од нивните ракометари сепак успеа да се избори за шут и да ја затресе српската мрежа.
Сепак, погодокот не беше признат, а виновник за тоа беше селекторот на Германија, Алфред Гисласон. Имено, Гисласон побара тајм-аут во буквално истиот момент кога неговиот ракометар упати шут кон голот, а по прегледот на снимката беше утврдено дека топката не ја минала гол-линијата пред сигналот за прекин.
Голот остана поништен поради тајм-аутот, Србија тоа знаеше да го искористи и ја зголеми предноста која до крајот не ја испушти за важен триумф со кој драстично си ги зголеми шансите за втора фаза. аутсајдери против силната германска репрезентација.
Ovo u životu nije viđeno! pic.twitter.com/H5y4pVwEI5
— FantomBeograda (@FantomBeograda) January 17, 2026
Србија запиша голема победа против Германија на Европското првенство


