сообракајка принтскрин/X

ВИДЕО | Ужасен судир во Љубљана: Тинејџер бегајќи фрлил чорап со 60 пакетчиња кокаин и хероин

Осумнаесетгодишникот немал важечка возачка дозвола, а во паричникот имал 3.000 евра.

Се појави видео од ужасна сообраќајна несреќа што се случила минатата недела на улица во Љубљана. Сцената снимена од безбедносна камера изгледа стравично – на неа се гледа автомобилот како со голема брзина го преминува тротоарот и удира во друго возило кое стои на семафор на крстосницата. Поради силата на ударот, двете возила завршиле на покривите.

Според 24ur, несреќата ја предизвикал минатата среда возач (18) кој бегал од полицијата на обиколницата на Љубљана, а потоа се судрил со друг автомобил.

Возачите на двата автомобила и уште еден патник се повредени, а виновникот, како што може да се види на видеото, излегол од автомобилот и продолжил да бега.

Полицијата подоцна го пронашла 18-годишникот, а во текот на постапката е утврдено дека нема важечка возачка дозвола и дека при бегството фрлил торба и чорап во кои имало речиси 60 пакетчиња кокаин и хероин.

Кај осомничениот се пронајдени повеќе од 3.000 евра, а неговото лично возило е конфискувано.

Надлежниот суд издаде налог за претрес на возилото и живеалиштето на уапсеното лице, а таму беа пронајдени пакети со хероин и канабис и прибор за нелегална трговија со дрога, пишува 24ur.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот