ВИДЕО | Ужас во Турција: Урната деловна зграда, десетици луѓе заробени

Урната деловна зграда во Турција/ Фото Twitter Screenshot

Десет луѓе се заробени под урнатините, а 13 се спасени откако се урна деловна зграда во Малатија, источна Турција.

„За време на несреќата, малку пред 17 часот, околу 20 луѓе беа во зградата“, изјави гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус.

Се уште не е позната причината за уривањето на зградата, а според локалните медиуми врз објектот се извршувале градежни работи.

Локалните власти соопштија дека продолжува потрагата и спасувањето на лицата под урнатините.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот