Велингтон Делано Дикенс/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Ужас во САД: Татко се јавил во полиција и признал дека си ги убил четирите деца

Велингтон Делано Дикенс, 38, беше изведен пред суд во САД под обвинение за убиство на неговите четири деца откако се јавил кај властите на Северна Каролина за да го признае својот ужасен злостор. Дикенс беше уапсен во вторник наутро откако полицајците пристигнаа во неговиот дом по неговиот претходен телефонски повик, објави Еј-би-си њуз.

38-годишникот им кажал на полицајците дека четирите деца – 6-годишната Лија Дикенс, 9-годишната Зои Дикенс, 10-годишниот Велингтон и посинокот, 18-годишниот Шон Брасфилд – биле пронајдени мртви во багажникот на автомобил во гаражата.

Според првичните полициски проценки, телата на четирите деца биле во автомобилот неколку месеци. Во судските документи се наведува дека властите веруваат дека четирите деца биле мртви од 1 мај.

Крвавиот пир на 38-годишниот убиец го преживеа неговиот 3-годишен син, кој беше пронајден жив и неповреден во домот.

Дикенс е обвинет за убиство од прв степен . Според локалните медиуми, неговата сопруга, Реј Џонс Дикенс, починала во април 2024 година.

Чичкото на Дикенс рече дека ветеранот од војната во Ирак „изгледал добро“ кога последен пат го видел пред околу една година.

„Како и сите, бев шокиран. Го слушате тоа, зборувате за тоа што им се случува на другите луѓе. Никогаш не би помислиле дека тоа ќе му се случи на некој од вашите“, рече тој, но забележа дека 38-годишникот не бил ист по неговата служба во војската, велејќи „знаеме дека имал мал проблем откако се вратил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот