Фото: Сител / скриншот

ВИДЕО | „Утре на сите може да ни се случи“: Протест за казната за Фатон Љури, кој уби човек со мотор на пешачка патека

Стотина роднини и пријатели на осудениот моторџија Фатон Љури денеска протестираа пред Кривичниот суд, откако тој во понеделникот доби 11 години затвор казна, поради тоа што во јули, возејќи мотор без дозвола и по пешачка патека кај „Паркот на франкофонијата“ смртно го прегази 68-годишниот скопјанец Југослав Николовски.

Учесниците во протестот, од кои дел носеа маички со ангелски крилја и човек зад решетки, но од некоја причина ги криеја лицата со качулки, протестниот марш го започнаа пеш од населбата Чаир, носејќи транспаренти со пораки „Правда за Фатон Љури“, „Нема правда – нема мир“, „Правда под притисок е неправда“ и барајќи „неселективно судење“. Тие алудираа дека Љури бил осуден на 11 години затвор поради тоа што е Албанец и споменаа слични случаи во кои осудените добиле многу помалку затвор.

„Зошто да се казни 24-годишен, млад дечко, кога не сакајќи се случило, утре може да се случи на сите? Имало пример и порано вакви случаи кои биле казнети со минимална казна, како случајот на Бобан Илиќ што го има убиено четиригодишното дете. До кога ќе биде оваа неправда кон нас во оваа држава?“, рече еден учесник на протестот.

На протестот реагираше Кривичниот суд, од каде наведоа дека Судот обвинетиот признал вина во присуство на адвокат, а судот одлучува врз основа на доказите и во рамки на законските одредби. Исто така, обвинетиот има право на жалба до Апелацискиот суд, велат од Кривичен.

„Изразувањето незадоволство преку јавни собири е легитимно право на секој граѓанин, но било каков обид за притисок не смее и нема да влијае врз независното судско одлучување. Судскиот систем предвидува правни механизми за незадоволните страни. Секоја странка што смета дека висината на изречената санкција не соодветствува со делото има право на жалба до повисокиот суд. Тоа е единствениот легален пат за преиспитување на една пресуда“, пишува во реакцијата од Кривичниот суд.

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот