Илустрација/ Кит со младунче - Фото: pexels-nicolas-lesueur

ВИДЕО | Уникатна и прекрасна глетка — китови и делфини заедно си играат во океанот

Снимка на која се гледаат китови и делфини како заедно си играат во океанот, направена во близина на островот Некер кај Исланд, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Имено, претприемачот Ричард Бренсон на својот инстаграм-профил сподели видео во кое се прикажани делфини и китови како заедно пливаат и си играат во океанот, во непосредна близина на островот Некер.

Бренсон во описот на видеото истакна дека овој момент претставува симбол на успех во глобалните напори за зачувување на морскиот свет, а воедно повика и на посилна заштита на морските видови и нивните живеалишта.

„Ова можеби е најневеројатната снимка од природата што сум ја видел – китови и делфини како заедно си играат во океанот, снимено во близина на островот Некер.

Иако има, сосема разбирливо, многу песимизам и загриженост за насоката на еколошките политики во САД и на други места, да прославиме една од најголемите успешни приказни во последниве години – заштитата на китовите.

Иако сè уште постојат пречки и поединци што не се согласуваат, огромното мнозинство од меѓународната заедница пред многу години се обедини во поддршка на зачувувањето на китовите, а нивната популација повторно се движи во позитивна насока.

Ова видео снимено во близина на островот Некер ја доловува чистата убавина на тој успех. Навистина е реткост ние луѓето да видиме делфини и китови како меѓусебно комуницираат и се играат на ваков радосен начин. Секоја година забележуваме сè повеќе китови што се враќаат, и тоа е навистина уникатна и прекрасна глетка.“, напиша Бренсон во објавата.

Иако еколошката состојба во светот, особено во однос на политиките за заштита на животната средина, често предизвикува загриженост, ова видео носи позитивна приказна. Имено, глобалните напори за зачувување на китовите, кои пред неколку години беа на работ на исчезнување, сега даваат резултати. Благодарение на меѓународната соработка, китовите се враќаат во своите природни живеалишта, а нивната популација повторно расте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот