ВИДЕО: Украинците тврдат дека Русија нападнала детска болница во Мариупол, Зеленски објави снимки на Твитер

Уништена болница во Мариупол/ Фото Твитер

Русија уништи детска болница во опколениот пристанишен град Мариупол во југоисточниот дел на Украина, соопшти градскиот совет.

Во соопштението објавено на Фејсбук, властите велат дека „руските окупаторски сили фрлиле неколку бомби врз детската болница. Уништувањето е колосално“.

Претставниците на Советот додадоа дека се уште не знаат точен број на жртви.

„Породилното одделение во центарот на градот, детското одделение и терапевтското одделение во болницата – сите се уништени во руски воздушен напад врз Мариупол“, рече на Фејсбук видео началникот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко.

Тој додаде дека ранетите во нападот се евакуирани во најблиската болница.

Зеленски објави снимки од инцидентот

Претседателот Зеленски на Твитер објави снимка од инцидентот – што тој го опиша како „директен удар“, а на снимките се прикажани уништени простории долж ходникот во зградата.

„Луѓе, деца се под урнатините. Злосторство! Уште колку светот ќе биде соучесник игнорирајќи го теророт?“ пишува тој.

Зеленски побара зона на забранети летови над земјата за да ги спречи руските авиони да летаат – нешто што САД и другите земји на НАТО го отфрлија.

„Затворете го небото веднаш! Стоп за убиствата! Имате моќ, но се чини дека го губите човештвото“, повика тој.

Градскиот совет соопшти дека при нападот се уништени породилно и детско одделение.

Русија ги обвини САД дека разработуваат биолошко оружје во Украина – САД дека Русија подготвува напад со хемиско оружје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот