Елиеф Елмас/Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | УЕФА пред натпреварот вечерва потсети на слаломот на Елмас

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја очекува еден од најважните натпревари во последните години, полуфиналето од мундијалскиот бараж против Данска во Копенхаген во кој ќе се обидеме да приредиме изненадување, слично како она против Италија во истата фаза.

На неколку часа пред натпреварот УЕФА потсети и на мајсторијата на Елмас од групната фаза во квалификациите. Во натпреварот против Лихтенштајн во Скопје, кој Македонија го доби со убедливи 5-0, Елмас блесна со слалом во кој помина неколку противнички фудбалери и успеа да погоди. Овој гол беше и еден од најубавите во комплетната групна фаза.

Посакуваме нешто слично од нашиот „дијамант“ и вечерва на полната „Паркен“ арена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UEFA EURO (@uefaeuro)

ФОТО: Конфликтот на страна кога игра Македонија – Мрме испрати поддршка до фудбалерите

ВИДЕО | Сонуваме за нешто слично и вечерва: Македонија со три гола за 20 минути ја победи Данска пред 13 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот