ВИДЕО | Уапсен мажот кој му се заканувал на Ендрју додека ги шетал кучињата во близина на имотот Сандрингем
Алекс Џенкинсон (39) од Сафолк е обвинет за упатување закани кон Ендрју Маунтбатен-Виндзор за време на инцидент во близина на неговиот дом на кралскиот имот Сандрингем во Норфолк. Според полицијата во Норфолк, мажот бил уапсен во средата, набргу по 19:30 часот, по извештај за недолично однесување во селото Волфертон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Маунтбатен-Виндзор бил нападнат од маж со фантомка додека ги шетал своите кучиња. Тој успеал да побегне до својот автомобил заедно со своето обезбедување. Инцидентот се случил во близина на имотот „Марш Фарм“ (Marsh Farm), каде што тој се преселил по напуштањето на „Ројал Лоџ“ во Виндзор.
Џенкинсон се соочува со две точки од обвинението за користење заканувачки, навредливи или погрдни зборови и однесување со намера да вознемири или предизвика страв, како и за одбивање да даде примерок од крв во притвор.
Во однос на неговиот статус, изворот наведува дека кралот Чарлс Трети му ги одзел титулите на крајот на минатата година. Поточно му било одземено правото да биде принц и му била одземена титулата војвода.
Ваквите одлуки биле донесени поради неговата поврзаност со покојниот сексуален престапник Џефри Епстајн, иако Маунтбатен-Виндзор постојано негира каква било вина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


