Фото: Фејсбук / скриншот / ТВ 24 / 2022

ВИДЕО | Трендафилов објави снимка – Дафина Стојаноска му дава поддршка на ССМ во 2022 година

Лидерот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на социјалните мрежи сподели видеоснимка објавена од неговиот колега од ССМ Игор Герасов, од ТВ-прилог на која се гледа како пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, тогаш како опозиционерка, во 2022 година го поддржувала штрајкот на ССМ за зголемување на платите во јавниот сектор.

Трендафилов и Стојаноска се најдоа во конфликт откако пратеничката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како Трендафилов влегува во автомобил заедно со неговите деца, а лидерот на ССМ побара на Стојаноска да ѝ се одземе пратеничкиот имунитет и најави тужба. Во сето ова денес се замеша и премиерот Христијан Мицкоски, кој застана во одбрана на Стојаноска. Професорот и експерт за безбедност Владимир Пивоваров претходно се изјасни дека снимката наликува како професионална и направена од страна на безбедносните служби.

Во видеото со кое Трендафилов денеска одговори, кое всушност е прилог на ТВ „24“ од јуни 2022 година, може да се види и слушне дел од обраќањето на Дафина Стојаноска, која и пред четири години беше пратеничка. Таа ги поддржува барањата на ССМ за покачување на платите во јавниот сектор. Според амбиентот, Стојаноска тогаш им дава поддршка на синдикалците за време на една од нивните блокади на Собранието кои беа дел од протестите.

Покрај Стојаноска, може да се забележи дека во делегацијата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои дошле да ги поддржат синдикалците се и нејзините колеги пратеници, Бојан Стојаноски и Тони Јаревски.

Пратеничката во тогашната изјава изразила и загриженост дека посетата на делегацијата на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на синдикалците кои протестираат ќе биде протолкувано како „политизирање“ на настанот.

„Ветувањата ќе мора еден ден да ги реализираат, тој ден не да доаѓа туку е поминат, нема бегање од тоа, нивна е одговорноста, тие се продуценти на кризи, не можат да се справат со кризите затоа ќе им се случува ова што ќе им се случува и го презедовме целиот тој ризик свесни дека можеби ова наше доаѓање тука ќе го протолкуваат како политизирање на вашиот настан, што апсолутно го демантираме бидејќи ние сме претставници на народот”, вели Стојаноска во прилогот, зборувајќи за тогашната власт на СДСМ и ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот